Бугарската „Фондација Македонија“: Дојдете в сабота на гробот на Делчев, ќе нѐ чуваат бугарски и македонски полицајци

Макфакс

02/02/2023

19:46

1.807

Големина на фонт

а а а

Бугарската „Фондација Македонија“ на социјалните мрежи упати повик до сите Бугари во Скопје да дојдат в сабота на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев, кога се одбележува неговото раѓање.

„Повик до сите Бугари во Скопје, особено до младите: Дојдете на гробот на Гоце во сабота да го чествуваме заедно“, велат од фондацијата.

Тие тврдат дека досега над 40 Бугари од Скопје и Македонија го потврдиле своето присуство.

Се додава дека бугарски и македонски полицајци ќе го чуваат гробот на револуционерот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг