Бугарската „Фондација Македонија“ на социјалните мрежи упати повик до сите Бугари во Скопје да дојдат в сабота на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев, кога се одбележува неговото раѓање.
„Повик до сите Бугари во Скопје, особено до младите: Дојдете на гробот на Гоце во сабота да го чествуваме заедно“, велат од фондацијата.
Тие тврдат дека досега над 40 Бугари од Скопје и Македонија го потврдиле своето присуство.
Се додава дека бугарски и македонски полицајци ќе го чуваат гробот на револуционерот.