Меган Фокс драстично го промени својот имиџ: Убавата актерка се одлучила за најмодерната фризура на сезоната

Точка

31/01/2023

17:39

7.978

Големина на фонт

а а а

Холивудската актерка Меган Фокс со години беше позната по долгата, бујна црна коса, но во последно време е склона кон експерименти, па имавме прилика да ја видиме и како црвенокоса, русокоса, но и со розова боја на коса.

Сепак, таа не експериментираше со должината, но веројатно дојде време и тоа да го промени.

Славната убавица направила прилично драстична промена во имиџот и се одлучила за најмодерната фризура на сезоната – боб.


Меган се определила за нешто подолг, асиметричен боб со шишки, како и за поинаква боја на коса – микс од платинесто руса и карамел нијанса.

Не е познато дали станува збор за перика за потребите на снимањето на новиот филм, но боб фризурата е секако високо на листата на најпопуларни фризури за 2023 година. Во прилог на тоа сведочи и фактот што бројни познати дами се одлучија за боб фризура оваа година, како манекенката Хејли Бибер и актерката Џена Ортега.



Класичниот краток боб има безброј варијанти – може да биде забавен, но и софистициран и елегантен, како и многу секси. Тој е најдобар начин за истакнување на вратот и линијата на рамената.



Спонзорирани линкови

Маркетинг