Дали сте пробале монголски чај? Се прави од една намирница, а помага при болки во грлото и упорна кашлица

Точка

31/01/2023

15:03

7.196

Големина на фонт

а а а

Рецептот којшто ги освои корисниците на интернет наводно потекнува од Монголија, а ветува дека за неколку часа ќе се ослободите од болката во грлото, воспалението и кашлицата.

Во што е трикот? Во кимот!

Овој природен лек им се препорачува на сите кои се склони кон чести настинки и воспаление на крајниците. Рецептот за кој се верува дека потекнува од монголската медицина веќе долго кружи на интернет, а во тоа колку е делотворен сведочеле бројни коментари кои можат да се најдат на мрежите.

„Имам ќерка која често имаше воспаление во грлото што повеќе не знаев што да правам со неа. Не сакав секојпат да ѝ дадам антибиотици. По совет на докторот го пробав овој рецепт и можам да ви кажам дека целосно ни се смени животот. Веќе две години ќерка ми воопшто не е болна, а „ја излекував“ за само четири часа“, напишала една мајка на социјалните мрежи.


Еве како се подготвува овој „лек“ против воспаление на грлото:

Половина шолја семки ким мелени во мелник за кафе, прелијте ги со една шолја вода и варете 15 минути. Ќе се создаде густа смеса која личи на талог од кафе. Процедете ја, разредете со четвртина шолја вода и повторно варете. Тргнете го садот од оган и „лекот“ е готов. Консумирајте на секои 30 минути по една лажица.

По два часа болката во грлото исчезнува, а ќе почувствувате дека полесно голтате.

„Терапијата“ може да ја прекинете по четири часа, а при тешки воспаленија може и подолго да го консумирате овој препарат.




Спонзорирани линкови

Маркетинг