Киев бесен од изјавата на Зоран Милановиќ дека „Крим никогаш повеќе нема да биде дел од Украина“

Макфакс

31/01/2023

11:52

1.470

Големина на фонт

а а а

Украинското Министерство за надворешни работи во вторникот го критикуваше хрватскиот претседател Зоран Милановиќ за неогвата изјава дека Крим никогаш нема да се врати под украинска контрола, опишувајќи го неговиот коментар како „неприфатлив“.

Во изјавата на Милановиќ во понеделникот, за воената помош која Загреб треба да му ја даде на Киев, Милановиќ рече дека е „јасно дека Крим никогаш повеќе нема да биде дел од Украина“.

„Ги сметаме за неприфатливи изјавите на претседателот на Хрватска, кои всушност фрлаат сомнеж на територијалниот интегритет на Украина“, напиша на Фејсбук портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Олег Николенко.

Во понеделникот, Милановиќ рече дека е „лудо“ да се мисли дека Русија може да биде поразена во конвенционална војна и ги критикуваше западните земји за снабдување на Украина со тешки тенкови и друго оружје.

Милановиќ им рече на новинарите во хрватскиот главен град Загреб дека воената помош што западните земји му ја даваат на Киев е залудна и само ќе го продолжи конфликтот.

– Јас сум против испраќање на какво било смртоносно оружје таму, тоа ја продолжува војната – рече Милановиќ за напорите на Западот да и помогне на Украина да стави крај на илегалната и неиспровоцирана инвазија на Путин.

– Која е целта? Распад на Русија, промена на власта? Се зборува и за распад на Русија. „Тоа е лудо“, рече тој.

Милановиќ исто така изјави дека Крим – полуостровот што Русија го анектираше од Украина во 2014 година – никогаш нема да му биде вратен на Киев.

Она што Западот го прави во однос на Украина е „длабоко неморално бидејќи нема решение за војната“, им рече Милановиќ на новинарите за време на посетата на касарната во источниот град Петриња, пренесе Блиц.рс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг