Ја поправале канализацијата во Рим, а пронашле древна мермерна статуа

Макфакс

31/01/2023

11:46

1.001

Големина на фонт

а а а

При поправка на канализациониот систем под еден парк во Рим, пронајдена е античка римска статуа на Херакле, која најверојатно датира од римскиот царски период (27 п.н.е. до 476 г. н.е.).

„Ова место ни приреди големо изненадување: мермерна статуа во природна големина. Поради палката и наметката од лавовска кожа, знаеме дека станува збор за фигура што го претставува Херакле“, објави на фејсбук, археолошкиот парк „Апија Антика“.

Статуата е откриена при работа на канализациони цевки кои биле паднати предизвикувајќи лизгање на земјиштето. Работниците ископувале на длабочина од 20 метри и нивните активности, како што често се случува во Рим, биле следени од археолози, пишува „The Guardian“.

Ваквите наоди не се изненадувачки за подрачјето на Италија. Во ноември минатата година беше откриена неверојатна група бронзени статуи кои биле зачувани во калта илјадници години. Археолозите открија 24 статуи под урнатините од кал на античка бања во Сан Касијано деи Бањи, град на врвот на ридот во провинцијата Сиена.

Се проценува дека статуите се стари околу 2300 години. Повеќето од статуите пронајдени под бањите, заедно со околу 6.000 бронзени, сребрени и златни монети, датираат помеѓу 2 век п.н.е. и 1 век од нашата ера.



Спонзорирани линкови

Маркетинг