Голем скандал: Откриен е случајно, за него се молчи, а се споменува и Кадиров – деталите се ужасни

Точка

31/01/2023

11:19

9.693

Големина на фонт

а а а

Според некои украински медиуми, Русија ја тресе голем скандал откако во јавноста испливал допис на руската телевизија NTV, во кој се споменува и Кадиров.

Имено, во дописот на NTV се наведува дека нивната новинарка, која била испратена да известува од украинскиот град Мелитопол, била силувана.

Станува збор за новинарката Олга Зенкова, која важи за пропагандистка на Путин.

Таа отишла во Мелитопол, кој на почетокот на војната беше окупиран од Русите, за да направи репортажа, се посочува понатаму во текстот.

Меѓутоа, како што се наведува, таа налетала на злогласната чеченска бригада предводена од Хасан Ибрахимов, братучед на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, а војниците наводно ја силувале новинарката и го претепале снимателот.

Украинците пишуваат дека за овој грозен инцидент дознале сосема случјно, бидејќи во јавноста протекла жалба од NTV во која раководството на таа телевизија го повикала Истражниот комитет на Руската Федерација да го истражи случајот.

Официјалниот документ бил испратен до шефот на тој Истражен комитет, а самата телевизија не сакала ништо да коментира за да избегне „дискредитирање на руската војска“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг