Валтер: Нè „уби“ нивната одбрана, верувам…

Дерби

31/01/2023

09:56

19.637

Големина на фонт

а а а

Екипата на Еурофарм Пелистер доживеа пораз од Војводина од 29-24 во првата средба од новата сезона во СЕХА лигата.

Клубот од Битола покажа доста слабости на овој меч, а тоа домаќинот знаеше да го искористи особено во вториот дел кога и ја направи клучната предност за освојување на целиот плен. Повеќе од јасно е дека ќе мора да се поправат некои работи и тоа многу добро го знае и тренерот на македонскиот вицешампион, Ларс Валтер кој спортски го призна поразот, а воедно вети подобри изданија во иднина.

- Не „уби“ нивната одбрана 6-0. Немавме добар проток на топката и да напаѓаме околку неа. Искрено, не бевме ни блиску и мораме да кажам дека ова е заслужена победа на Војводина. Се соочувавме со проблем бидејќи не можевме да сметаме на повеќе играчи поради настапот на СП, но тоа не изговор. Верувам дека ќе бидеме подобри како што ќе одминува сезоната, - порача тренерот на „фармацевтите“.

Следниот меч за „зелено-белите“ е против Нексе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг