(Видео) Што сè се подготвени жените да направат за убавина: Еве како изгледа третманот со кој се добиваат „мачкини очи“

Точка

31/01/2023

10:15

9.082

Големина на фонт

а а а

Многу жени за убавина се подготвени да направат многу работи и се одлучуваат на болни третмани.

На ТикТок се појави видео на кое се гледа како изгледа третманот со кој се добиваат „мачкини“ очи. Докторката Џинг Ванг од Англија на пациентката ѝ го затегнува пределот околу очите за да личи на манекенката Бела Хадид.

Наведено е дека ова не е класична операција. Ова би требало да биде помалку комплициран начин за постигнување „совршен“ изглед.


Очекувано, видеото предизвика бројни реакции.

„Не можам да верувам дека некој го прави ова“, „Ова буквално изгледа како хируршки зафат, само неинвазивен“, „Зошто би требало да го правам ова? Девојки, прифатете ја вашата уникатност“, се дел од коментарите.

Инаку, Бела, на која многумина се угледуваат, во неколку наврати изјави дека нејзината мајка Јоланда ја убедувала да го оперира носот кога имала само 14 години.

„Посакувам да го задржав обликот на носот каков што имаа моите предци. Мислам дека би ми се допаднал во меѓувреме“, изјави таа за Vogue.

Сепак, таа негира дека ги затегнувала очите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг