(Видео) Уште еден кит се насука на источниот брег на САД

Макфакс

31/01/2023

09:45

1.657

Големина на фонт

а а а

Од минатиот месец, 15 китови се насукаа на источниот брег на САД, а 7,6 метарски грбав кит се насука на бреговите на американската сојузна држава Њујорк. Научниците сè уште не знаат од што е ова предизвикано.

„Станува збор за машки грбав кит. Ова е прв таков случај на оваа област во последните пет години. Ова е најголемото насукување на кит на овие брегови во повеќе од една деценија“, рече Дон Клавим, управител на градот Хемпстед, објави Би-Би-Си.

Експертите наведуваат дека засега не гледаат причина за вакви инциденти, а локални активисти и научници се обидуваат да ја откријат причината за проблемот. Некои сметаат дека вината за насукувањето на китовите е поставувањето на ветерни електрани долж брегот, но локалните власти наведуваат дека нема докази за такво нешто.

„Засега не гледаме ништо што би можело да им наштети на китовите“, рече Синди Зиф, директорка на Clean Ocean Action.



Спонзорирани линкови

Маркетинг