(Видео) Бугарски пратеник: Тепаниот во Охрид не е бугарски граѓанин, туку тепачот, а за него не зборуваме

Точка

30/01/2023

19:31

7.812

Големина на фонт

а а а

Пратеникот на бугарската партија „Продолжуваме со промените“ и поранешен министер за иновации, Даниел Лорер, во интервју изјави дека Христијан Пендиков, секретар на клубот „Цар Борис Трети“ не е бугарски државјанин, додека еден од напаѓачите, е.

„Господинот кој што беше нападнат во Македонија не е бугарски граѓанин. Бугарија треба да ги заштити своите граѓани. Тој е македонски граѓанин кој што се опишува како човек со бугарска самосвест. Меѓутоа, еден од тие кои го нападнаа е бугарски граѓанин. Зошто не зборуваме за него? Затоа што тој има бугарско државјанство“, изјави бугарскиот пратеник.

Македонските власти, вели Лорер, во случајот реагирале многу брзо и додава дека она што Бугарија сега треба да го направи е да им остави доволно време на македонските институции да утврдат дали станува збор за злосторство од омраза или не.

Лорер додал и дека се согласува со македонскиот претседател Стево Пендаровски дека случајот се политизира.

„Точно така, прашањето се политизира. Нашата позиција е тензиите да се намалат за да може да почне да работи дипломатијата. Ние треба да им дадеме време на македонските институции да откријат дали навистина станува збор за случај на омраза што е апсолутно недозволиво и тогаш ЕУ треба да ја одигра својата улога или не. Тоа е нешто кое што треба да го утврдат македонските институции и треба да им го дадеме неопходното време“, вели пратеникот од редовите Продолжуваме со промените и поранешен министер во владата на Кирил Петков.

По неговото интервју многу бугари го нападнаа Лорер на социјалните мрежи. Многумина го етикетираат, велејќи дека тој бил Евреин и затоа работел против интересите на Бугарија. За неговите изјави се огласија и од тамошната партија СДС, коалицискиот партнер на Бојко Борисов, од каде велат дека зборовите на Лорер билна силна шлаканица за Бугарите во Македонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг