Сагата околу проширувањето на НАТО околу која нема крај: Финска се огласи после сè

Точка

30/01/2023

17:05

2.731

Големина на фонт

а а а

Наша голема желба беше и останува да се приклучиме кон НАТО заедно со Шведска.

Финска и натаму се надева дека ќе се приклучи кон НАТО во исто време со Шведска, изјави денеска шефот на финската дипломатија Пека Хаависто.

Финскиот министер тоа го изјави откако турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган најавил дека ќе одобри влез на Финска, но не и на Шведска во НАТО.

„Наша голема желба беше и останува да се приклучиме кон НАТО заедно со Шведска“, им рекол Хаависто на новинарите и додал дека ставот на Финска е непроменет.


Хаависто додал дека е во контакт со шведските и турските колеги, и изразил желба ратификацијата на Анкара да не се дели на два дела, туку да биде заедничка и за Финска и Шведска.

Турција минатата недела го сопре пристапот на Шведска и Финска во НАТО, одложувајќи го на неопределено време тројниот состанок кој првобитно е закажан за почетокот на февруари и на кој треба да бидат отстранети забелешките на Анкара на нивната кандидатура.


Ердоган предупреди дека Шведска, која Турција веќе ја обвинила дека им пружа прибежиште на курдските терористи, повеќе не може да смета на поддршка од Анкара бидејќи активист на екстремната десница запалил примерок од Куранот во Стокхолм.

Стокхолм го осуди тој чин на длабоко непочитување и изразил симпатии кон муслиманите, истканувајќи дека шведскиот Устав забранува такви активности. Меѓутоа, соопштението на шведските власти не го смири незадоволството на Анкара.




Спонзорирани линкови

Маркетинг