Најнова одлука на РКЕ: Горивата поскапуваат, еве колку ќе чинат од полноќ

Макфакс

30/01/2023

15:46

2.758

Големина на фонт

а а а

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за новите цени на горивата.

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 1,00 денар/л во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.1.2023 година и со тоа малопродажната цена на „евросупер БС-95“ изнесува 84,00 денари/л, а малопродажната цена на „евросупер БС-98“ изнесува 86,00 денари/л.

Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се зголемува 0,50 денари/л во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.1.2023 година и со тоа малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ изнесува 84,50 денари/л.



Спонзорирани линкови

Маркетинг