Дани Алвеш со прва реакција од затвор: Не се плашам од тоа што ќе дојде

Дерби

30/01/2023

14:46

1.877

Големина на фонт

а а а

Дани Алвеш е најтрофејниот играч во историјата на фудбалот и се уште го има во сопственост таквиот статус, но во последните две седмици, неговото име се поврза со еден немил скандал кој допрва треба да добие судска разрешница.

Бразилскиот десен бек беше приведен од полицијата и веќе 10 дена е во затвор во Шпанија, откако важи за првообвинет за силување на млада 23-годишна девојка која го идентификувала и дала исказ против фудбалерот.

Инцидентот се случил на 30-ти декември минатата година и на Дани Алвеш му се заканува затворска казна од 4 до 12 години доколку биде прогласен за виновен, но според информациите кои доаѓаат од Шпанија, фудбалерот е свесен за последиците и јасно ставил до знаење дека ќе прифати секаков расплет.

„Ла Вангардија“ открива дека Дани Алвеш веќе ја изиграл првата партија фудбал во завторот „Брајанс 2“ во Барселона, но ја дал и првата изјава.

– Ќе го прифатам она што ќе дојде за мене. Си отидов од дома на 15 години, ги надминав сите потешкотии и комплицирани ситуации во мојот живот. Ова ќе биде уште една таква епизода, не се плашам од ништо, – порачал Алвеш.



Спонзорирани линкови

Маркетинг