Сопругата на Брус Вилис објави фотографија од интимен момент со својот сакан

Точка

30/01/2023

14:29

4.717

Големина на фонт

а а а

Сопругата на славниот актер Брус Вилис, Ема Хеминг, објави фотографија од интимен момент со својот сакан, кој боледува од афазија.

Таа на Инстаграм сподели „story“ кое ги трогна фановите, а на кое се гледа како парот нежно се држи за раце.


Исто така, Ема објави и фотографија од минатото на која ужива во прошетка низ шума со својот сопруг.

Откако во јавноста беше откриено дека славниот актер е болен, неговото семејство не се одвојува од него. Неговата сопруга често споделува моменти од нивните животи со фановите, а неодамна открила и како изгледал нивниот однос на почетокот на врската.

На Вилис на почетокот на минатата година му беше дијагностицирана афазија, болест која ги напаѓа когнитивните способности, поради што актерот одлучи да се повлече од светот на актерството.

Ема и Брус се венчаа во март 2009 година по неколку години врска, а имаат две ќерки – 10-годишната Мабел и 8-годишната Евелин. Брус ги има и ќерките Талула, Скаут и Румер со поранешната сопруга Деми Мур.



Спонзорирани линкови

Маркетинг