Селена Гомез ги загрижи фановите: Неконтролирано се тресела во текот на видеото кое го снимала, а потоа ја објаснила и причината

Кармин

30/01/2023

14:13

6.924

Големина на фонт

а а а

Американската пејачка Селена Гомез ги загрижила обожавателите поради видеото на кое видно се тресела, а потоа некои дури и ја исмејале поради тоа што одлучила да ја појасни причината за тоа.

Американската пејачка и актерка морала на фановите да им ја повтори својата дијагнозата на лупус откако ги испитувале нејзините раце кои се тресат во неодамнешното видео кое се појавило на ТикТок. Лупусот може да ја оштети кожата, бубрезите, срцето, нервниот систем и крвните клетки.

На почетокот на јануари пејачката објавила видео на кое нанесува производи за бришење на шминката што вклучувало е миење на лицето. Меѓутоа, некои ја исмејале и ја прозвале поради тоа што рацете ѝ се треселе на видеото.

Осврнувајќи се на проблемот, Селена појаснила: „Се тресам поради лекот против лупус“.

Оваа 30-годишна девојка претходно отворено зборувала за своето искуство со споменатата автоимуна болест откако ѝ била дијагностицирана во 2014 година. Како резултат на болеста, Селена била на трансплантација на бубрег во 2017 година.

Во својот документарец од 2022 година „Selena Gomez: My Mind & Me“, дополнително ја опишала својата борба со лупусот.

„Не сум го почувствувала тоа од кога бев млада“, изјавила Селена низ солзи во документарецот за болките во зглобовите.

„Наутро кога ќе се разбудам, веднаш почнувам да плачам затоа што едноставно ме боли сè“.

Таа нагласила дека сепак одбива да биде оптоварена со својата дијагноза и здравствените битки.




Спонзорирани линкови

Маркетинг