Подобрете ја крвната слика: Доволни се само три лажици дневно и брзо ќе забележите разлика

Точка

30/01/2023

10:55

6.641

Големина на фонт

а а а

Лошата крвна слика може да ве изложи на ризик од многу компликации, така што важно е што поскоро да го вратите нивото на еритроцитите на вистински пат.

Недостатокот на железо се манифестира преку замор, поспаност, недостаток на енергија и многу други симптоми, а бледата кожа на лицето е доволен показател дека можеби се развила анемија и дека треба да посетите лекар.

Потребно е да направите витаминска каша која го зајакнува организмот, снабдувајќи го со железо.

Состојки:

- две средни главици цвекло
- моркови
- помали јаболки
- лажичка мед
- лажичка цеден лимон


Подготовка:

Во блендер измешајте го цвеклото, па ставете го во сад. Потоа истото направете го со морковите, па со јаболките. Кога сите состојки ќе бидат изблендирани, измешајте ги и истурете една лажичка мед и лимонов сок во смесата и добро промешајте.

Кашата ставете ја во тегла или стаклен сад и јадете ја во наредните денови. Не смее долго да стои. Најдобро е да ја јадете секојдневно во просек по три големи лажици, ако ви е ниско железото.




Спонзорирани линкови

Маркетинг