Не била доволна ниту заштитата од Пике: Новата девојка на фудбалерот спасот од целата ситуација за која не престанува да се зборува ја нашла во ова

Точка

30/01/2023

23:02

19.742

Големина на фонт

а а а

Кога на 12 јануари беше објавена „одмаздничката“ песна на Шакира, цел свет вниманието го насочи кон Пике, но и кон неговата нова девојка Клара Чиа Maрти.

Познатата колумбиска пејачка Шакира постигна неверојатен успех со најновата песна која му ја посвети на поранешниот партнер, фудбалерот Жерар Пике и неговата девојка Клара Чиа Марти.

Таа за кратко време стана допадлива кај луѓето ширум светот, а Шакира се потрудила и добро да ја слушнат Пике и неговата мајка, а сакала или не, насекаде ја слушнала и Клара Чиа.

Очигледно, на младата жена не ѝ е пријатно поради „бурата“ во која се нашла како последица на песната поради што одлучила да побара и психолошка помош. Тоа што е јасно е дека нејзиниот идентитет повеќе не е тајна, а притисокот да биде втора жена започнал да влијае и на нејзиниот живот.

„Ја запираат на улица, ѝ ја пеат песната, сите ја препознаваат, а тоа никако не ѝ годи поради тоа што е прилично срамежлива девојка“, истакнала пред една седмица Лорена Васкез.

Оваа сабота во емисијата „Fiesta“, новинарот Саул Ортиз дал дополнителни информации за ситуацијата во која се нашла новата девојка на Пике.

„Таа била во куќата на своите родители околу осум дена, работи на далечина“, изјавил тој, па додал:

„Ѝ треба прибежиште поради тоа што нејзината состојба на умот не е како што треба. Не е лесно да се биде девојка од 23 години за која непрекинато веќе повеќе од две седмици се зборува, не само во Шпанија туку и во цел свет“, заклучил тој.

Клара Чиа сфатила дека мора да се тргне од јавноста затоа што тоа сериозно ја нарушило нејзината здравствена состојба.

Како што пренесуваат странските медиуми, Клара Чиа била принудена да побара помош од психолог затоа што ситуацијата во која се нашла не била едноставна, а таа е девојка која била целосно анонимна, додека пак сега сето негативно внимание е насочено на неа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг