Кортни Кардашијан позирала во фустан на кој е насликанo голо женско тело: „Ова е смешно...“

Точка

27/01/2023

15:56

6.868

Големина на фонт

а а а

Кортни Кардашијан знае како да го привлече вниманието, а фустанот којшто го носела на пoследната објава на Инстаграм предизвикал поделени реакции во јавноста.

Реалити ѕвездата позирала во „Balmain“ фустан на којшто е насликано голо женско тело.

Објавата добила над 800 илјади допаѓања и некои ја пофалиле девојката поради храброста да облече ваков фустан, но поголем дел од јавноста била разочарана од истиот.

„Очигледно дека јас не се разбирам во мода“, „Извини, ова изгледа смешно“, „Овој фустан прави да се чувствувам непријатно“, „имате многу пари, а носите ваква облека“, „Ова дефинитивно е најлошиот фустан којшто сум го видела“, „Едноставно не“, биле дел од коментарите под објавата.

Да ве потсетиме, фустаните на кои има насликано голо женско тело се многу популарни, но дали вие би облекле таков фустан?




Спонзорирани линкови

Маркетинг