Британски готвач објаснува зошто јајцата не треба да ги чуваме во фрижидер

Точка

24/01/2023

21:07

11.985

Големина на фонт

а а а

Британскиот готвач Џејмс Мартин неодамна во гостување во емисијата „This Morning“ објаснил зошто никогаш не треба јајцата да ги чуваме во фрижидер.

Овој 50-годишен готвач од Велика Британија разговарал со телевизискиот водител Филип Шофилд кога со гледачите го споделил својот совет.

Откако испекол два колачи од бисквити со различни видови јајца, Џејмс зборувал за разликата меѓу јајцата од кокошка и јајцата од патка. Додал дека квалитетот на јајцата е клучен за да направите добар пекарски производ.


Разговорот потоа течел во насока на тоа како местото на кое ги чувате јајцата може да влијае на тоа како тие ќе „делуваат“ на одредени јадења во кои ги користите.

Готвачот на гледачите им објаснил дека јајцата се порозни, што е причина зошто никогаш не треба да ги чувате во фрижидер. Објаснил дека јајцата на крај „ги впиваат“ сите вкусови од фрижидерот поради текстурата на лушпата.

Исто така чување на јајца во фрижидер не е добра идеја поради тоа што ладните јајца не се секогаш најдобри за подготвување храна, па во рецептите често ќе видите дека готвачите користат јајца од собна температура. Меѓутоа, чувањето на јајцата во фрижидер може да го продолжи нивниот рок на траење.


Џејмс претходно со фановите ги споделил своите совети за готвење, а неодамна изјавил дека маргаринот треба да биде забранет. Телевизискиот готвач се пошегувал дека толку го мрази што посакува засекогаш да го отстранат од полиците во супермаркетите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг