Шакира се појави на балконот од својата куќа во Барселона и ги поздрави насобраните обожаватели

Точка

23/01/2023

20:29

8.006

Големина на фонт

а а а

Шакира денеска излегла на балконот од својата куќа во Барселона и ги поздравила фановите кои се собрале таму за да ѝ дадат поддршка по неверството на Пике.

Папараците ја фотографирале во опуштено издание, т.е. во тренирка и капа. Таа била расположена и одвоила време да разговара со обожавателите.

Таа неодамна објави песна во која ги повикува нејзиниот поранешен партнер и неговата девојка Клара Чиа Марти за се што ѝ направиле. Моментално е меѓу најслушаните синглови на сите стриминг сервиси.


За потсетување, Пике ја започнал својата љубовна врска со Клара во 2021 година и ја однел во домот каде што живееше со Шакира. Тој се раздели од Шакира во јуни минатата година.

Тие постигнаа договор за старателството над синовите Милан (9) и Саша (7). Пејачката наскоро ќе се пресели во Мајами и таму ќе ги одгледува нивните деца.




Спонзорирани линкови

Маркетинг