„Станува очигледно дека се шегуваат со нас“: „Adidas“ и „Gucci“ претставија необични чизми чија цена е речиси 1.400 евра

Точка

19/01/2023

12:33

8.301

Големина на фонт

а а а

„Gucci“ и „Adidas“ претставија нови необични чизми чија цена е 1.390 евра.

Дизајнерите ги искомбинирале спортските и елегантните мотиви на споменатите модни брендови. Машките чизми можат да се набават во три бои: сива, црна и кафеава, а секако, од страна се наоѓаат познатите три линии на „Adidas“.


Женските модели доаѓаат во две бои: златна и црна боја. Произведувачите навеле дека чизмите се изработени од биоразградливи материјали и не е користена животинска кожа. Очекувано, необичниот дизајн бил повод за бројни реакции на социјалните мрежи.

„Кој нормален би носел нешто вакво?“, „Совршени се за богаташите кои по секоја цена сакаат да бидат во центарот на вниманието“, „Станува очигледно дека ‘Adidas’ и ‘Gucci’ се шегуваат со нас“, гласат дел од коментарите на Твитер.