Руската амбасада реагира: Османи во Украина шпекулира за „жртви на руската агресија“

Макфакс

18/01/2023

12:16

1.706

Големина на фонт

а а а

Руската амбасада во земјата реагира дека претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи, во Украина шпекулирал за жртви на руската агресија прифаќајќи ја пропагандата на режимот во Киев.

„Кога Османи пристигна во Киев, војниците на Зеленски ги гранатираа Донецк и Макеевка (во ДНР): има мртви, ранетите сè уште беа под урнатините. Бујар Османи досега не ги спомна жртвите од гранатирањето од страна на украинските сили, како и сите загинати и ранети од агресијата на киевскиот режим врз Донбас од 2014 година, чиј број изнесува илјадници. „Се работи за луѓето, велите?“, се наведува во реакцијата на Амбасадата.

⚡️ Претседавачот со ОБСЕ Бујар Османи вчера во Украина шпекулираше за „жртви на руската агресија“, прифаќајќи ја...

Posted by Посольство России в Северной Македонии/Амбасада на Русија во Сев.Македонија on Tuesday, January 17, 2023

Османи за време на посетата на Украина го осуди рускиот напад на станбена зграда во Днипро, каде што загинаа повеќе од 40 лица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг