Пике и неговите пријатели ја исмеаја Шакира и нејзината нова песна: „‘Casio’ нѝ подари часовници, имаме договор“

Точка

14/01/2023

17:49

25.020

Големина на фонт

а а а

Жерар Пике во својата емисија ја исмеа својата поранешна партнерка Шакира и нејзината нова песна, која за 2 дена „собра“ 90 милиони прегледи.

Имено, Пике основаше лига во која инфлуенсери и поранешни фудбалери играат фудбал, наречена „The Kings League“.

„Имам големо соопштение. „Casio“ нѝ подари часовници. Имаме договор со „Casio“, покровители се на оваа лига“, изјавил Пике додека останатите во студиото гласно се смееле.

„Се шегуваш“, додал еден од гостите.

„Не не, сериозен сум. Испратија за секој по еден часовник“, кажал фудбалерот.

„Зошто „Casio“ се придружи?“, прашал еден од учесниците.

„Поради песната на Шакира“, веднаш одговорил пензионираниот аргентински фудбалер Серхио Кун Агуеро, а сите уште погласно почнале да се смеат.

За потсетување, Шакира ја посвети новата песна на Пике и неговата нова девојка Клара, па преку стиховите, помеѓу останатото, му порача дека „заменил „Ferrari“ за „Twingo“, заменил „Rolex“ за „Casio“...“.