Лула да Силва: За 100 дена државата ќе функционира со нормална брзина

Макфакс

12/01/2023

21:23

1.961

Големина на фонт

а а а

Бразилскиот претседател Луис Игнасио Лула да Силва денеска изјави дека има подготвени политики за враќање на земјата во „функционирање со нормална брзина“ во рок од 100 дена и им порача на финансиските пазари да не се грижат за владата на неговата Работничка партија.

Зборувајќи за неодамнешниот напад на приврзаниците на поранешниот претседател Жаир Болсонаро врз владина зграда во Бразилија, Лула рече дека тоа е големо предупредување, пренесе Ројтерс.

„Победивме на последните избори, но фанатичните поддржувачи на Болсонаро се многу опасни, затоа во иднина треба да бидеме построги и повнимателни“, рече Лула и нагласи дека треба да се открие кој ги финансира овие дела, т.е. ја загрозува бразилската демократија“.

Во неделата, приврзаниците на десничарскиот Болсонаро го нападнаа бразилскиот Конгрес, Врховниот суд и претседателската палата, повикувајќи на воен удар за да се поништат изборите во октомври и победата на Лула.

Бразилскиот претседател изјави дека и покрај немилите настани, министерот за одбрана Хозе Мусио ќе остане на функцијата.