Премиерот на Албанија Еди Рама вечерва во Тирана свика средба на сите шефови на албанските политички партии на Македонија.
Премиерот на Албанија, Еди Рама, во Тирана вечерва одржува средба со лидерите на албанските партии во Македонија, на која присуствува и министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка, јави албанскиот медиум „Њуз 24“.
Според порталот тема на средбата е внатрешно-политичката ситуација во Северна Македонија, улогата на албанските партии во надминувањето на ќорсокакот за уставни измени поврзани со напредокот и продолжувањето на процесот на евроинтеграции.
Од кабинетот на Еди Рама се вели дека средбата се одржува на разговори за предизвиците на албанските партии во Македонија. Во меѓувреме, неколку минути пред почетокот на средбата, за ТВ Клан изјава даде претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Според него, таму ќе се разговара за демократската иднина на Македонија.
„Средбата е пријателска, братска. Ќе ги видиме темите. Сите теми кои се профитабилни, особено ме интересира градење и зајакнување на заедничката стратегија за приближување на патот кон Европската Унија. Ова е исклучително важна мисија за нашата земја. Зајакнување на мирот, стабилноста и напредокот на економијата“ – рече Ахмети.