Полицијата го лоцирала Ендру Тејт благодарение на кутијата од пица, Грета Тунберг жестоко го исмеа: „Тоа се случува кога не рециклираш“

Точка

30/12/2022

13:27

12.266

Големина на фонт

а а а

Откако Ендру Тејт заедно со својот брат беше уапсен поради истрага за трговија со луѓе во Романија, на Твитер се појави информација за детаљ од видеото на кое ја исмеваше активистката Грета Тунберг.

Детаљот на кутијата од пица на видеото на Ендру им овозможил на романските власти да потврдат дека бил во земјата и на тој начин да го уапсат поради истрага за трговија со луѓе.

Познатиот инфлуенсер пред неколку дена на Твитер започна жестоко да ја провоцира шведската активистка Грета Тунберг за поседувањето голем број автомобили.

„Те молам дај ми ја твојата e-mail адреса за да можам да ти испратам целосна листа од својата колекција на автомобили и нивните огромни емисии“, напишал Тејт откако набројал неколку возила кои се во негова сопственост.

По твитот добил неочекуван одговор од младата активистка кој го натерал да објави 2-минутно видео во кое ја навредува, но не ни претпоставувал дека картонот од пицата која ја нарачал ќе го „издаде“ и на тој начин ќе го овозможи неговото апсење.

„Тоа се случува кога не ги рециклираш своите кутии од пица“, напиша Тунберг по апсењето на контроверзниот Тејт.

Инаку, поради говор на омраза на Ендру му е оневозможен пристап на платформите како Јутјуб, Фејсбук и ТикТок, а профилот на Твитер му беше вратен откако компанијата ја презеде Илон Маск.



Спонзорирани линкови

Маркетинг