Најскапата раса на светот, легендата вели дека тоа е „божјо куче“ и тешко се припитомува

Точка

28/12/2022

20:05

6.994

Големина на фонт

а а а

Кучето кое се продало како најскапо на светот е златен тибетски мастиф, а за него еден Кинез пред неколку години издвоил дури два милиони долари.

Кучето во текот на продажбата имало 90 килограми и било високо 80 сантиметри.

Изразот мастиф Европјаните го користеле за сите големи раси на кучиња, па така тоа име му било дадено и на ова куче кое всушност е тибетско куче или хималајско, планинско куче. Потекнува од номадската култура на Тибет, Кина, Индија, Монголија и Непал.


Легендата вели дека тибетскиот мастиф е „божјо куче“

Како што вели и името, расата потекнува од Тибет каде (вклучувајќи го и подрачјето на Хималаите) го користеле како куче чувар на стоката, но и куче на своите господари. Сè до средината на 20-от век расата која била позната и по името „Do Khyi“ во Европа била скоро непозната, а токму европските одгледувачи се најзаслужни што не изумрела.

Постојат неколку легенди за неговото потекло, а една од нив вели дека во централна Азија пристигнал преку Атил Хунски. Постои и онаа која вели дека тибетскиот мастиф е „божјо куче“ затоа што претставува трансформација на тибетски свештеник во куче.


По спектакуларната продажба од два милиони долари, љубителите на кучиња истражувале за оваа раса, но се докажало дека се многу скапи за одржување. Тибетскиот мастиф не е куче за секого поради тоа што неговата социјализација и припитомување бара многу време.