Конечно знаеме како изгледал еден од најмоќните фараони во древен Египет

Точка

27/12/2022

13:36

22.566

Големина на фонт

а а а

Египетски и британски научници откриле како изгледал еден од најпознатите и најмоќните египетски фараони Рамзес Втори во текот на различни период од својот живот.

Со внимателни анализи и скенирање успеале да направат разлика меѓу черепот и другите материјали користени во текот на балсамирањето и добиле тридимензионален приказ на неговиот череп.

Тогаш дигитално додале слоеви на мускули и лигаменти во типични димензии за древните Египќани за да го реконструираат лицето на фараонот.

„Ова е единствена научна реконструкција на лицето на Рамзес Втори на основа на компјутерска томографија“, објаснила професорката Сахар Салим од Универзитетот во Каиро, додавајќи дека претходните обиди биле во главно уметнички прикази на основа на лицето на мумијата.

На научниците ова им овозможило да видат како Рамзес Втори изгледа во времето на неговата смрт на 90 години. После тоа, со посебен софтвер успеале да го вратат процесот на стареење и да откријат како фараонот изгледал во младиот период на својот живот.

„Кралот Рамзес Втори бил голем воин кој владеел со Египет 66 години. Со оживувањето на неговото лице во староста, но и во младоста, го потсетуваме светот на неговиот легендарен статус“, истакнала Салим.

Рамзес Втори, исто така познат и како Рамзес Велики, бил третиот фараон на 19. династија на Египет и се верува дека владеел со Египет од 1279-та до 1213-та година пред новата ера. Се смета за еден од најмоќните фараони на Новото кралство – периодот кога Египетското царство било на својот пик.