Ковачевски: Нова цена на струјата за домаќинствата најдоцна до 22 декември

Макфакс

15/12/2022

14:52

1.708

Големина на фонт

а а а

Најдоцна до 22. декември Регулаторната комисија за енергетика ќе ја соопшти новата цена на електричнста енергија за 2023 година најави директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски.

„ЕСМ испрати цени на електрична енергија за тендерите за ЕВН Хоме, за Електродистрибуција и за Мепсо. Напорите се да нема зголемување на цената освен во делот на ддв то кое од пет ќе се врати на 10 отсто. РКЕ ја забрза постапката и помеѓу 20. и 22. декември ќе ги направи пресметките и ќе ја објави новата цена на струја за регулираниот пазар. Владата и ЕСМ сметаат дека треба да има интервенција за одредени категории и блокови“ истакна Ковачевски.

Тој не ја откри висината понудата на ЕСМ за трите тендери но потврди декаво моментов производствена цена на мегават-час струја од домашните капацитети е 73 евра што е повеќе од цената од 48евра по која досега ЕСМ и продаваше струја на ЕВН.