На 12 декември, од 19 часот, во Галерија „Кора“ во Домот на културата „Кочо Рацин“, ќе се промовира „Раскази од минатиот век“, петта прозна книга на нашата драга поетеса, писателка и лекторка Виолета Танчева-Златева.
Промотор ќе биде Елизабета Баковска, модератор Александра Јуруковска, а магијата ќе ја заокружи актерот Теоман Максут. Во издание на ТРИ, овие раскази поставуваат многу суштествени прашања на кои авторката ни ги нуди своите одговори – како што доликува на еден писател. Зашто авторите секогаш ја имаат вистината што ја посеваат низ своите ракописи, како што Виолета досега ни ја остави во своите четири прозни и осум поетски книги. Ви закажуваме средба во понеделник, а потоа ќе се најдеме на половина пат во самите раскази.
Се гледаме на меѓата меѓу сонот и реалноста, меѓу минатиот и новиот век. Да ги овековечиме безвременските вредности на добрата домашна проза.
Комерцијален текст