Белата куќа: САД и испраќаат на Украина 275 милиони долари помош за зајакнување на воздушната одбрана

Макфакс

09/12/2022

21:06

1.474

Големина на фонт

а а а

САД и испраќаат на Украина пакет помош во вредност од 275 милиони долари за да и помогнат да ја зајакне нејзината воздушна одбрана од беспилотни летала, изјави денеска портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби.

Кирби им рече на новинарите дека Вашингтон е многу загрижен поради продлабочувањето и растечкото одбранбено партнерство меѓу Иран и Русија и дека САД ќе ги користат своите алатки за да го нарушат тој однос, вклучително и прашањата поврзани со беспилотните летала, објави Ројтерс.

Тој рече, како што пренесува медиумот, дека американската влада ќе ги покани и земјите партнери да разговараат и да се справат со партнерството меѓу Русија и Иран.



Спонзорирани линкови

Маркетинг