Големо изненадување! Хрватска го победи Бразил и оди во полуфинале на Светското првенство

Точка

09/12/2022

18:59

2.950

Големина на фонт

а а а

Хрватска обезбеди пласман во полуфиналето на СП во Катар откако во првата четвртфинална пресметка го победи Бразил.

Бразил не успеа да ја оправда фаворитската улога, иако имаа водство од 105-тата минута со голот на Нејмар. Сепак, Бруно Петковиќ погоди за 1-1 на неколку минути пред крајот, па победникот се решаваше преку пенали.

Доминик Ливаковиќ беше вистински херој за Хрватите на овој натпревар и одлично бранеше во текот на сите 120 минути.

Мечот се решаваше преку пенал-рулет, а во него Ливаковиќ блесна уште во првата серија, бранејќи го ударот на младиот Родриго од Реал Мадрид, откако претходно Влашиќ стрелаше за 1-0.

Ловро Мајер погоди за 2-0, Касемиро намали на 2-1, а Модриќ беше успешен за 3-1. Откако Педро погоди за 3-2, Мислав Оршиќ го погоди и четвртиот пенал за Хрватите. Сепак, промашениот пенал на Маркињос значеше и крај на ова Светско првенство за кариоките.

За Хрватска ова е трето полуфинале на светските првенства, второ по ред, а таму ќе игра со подобриот од натпреварот помеѓу Холандија и Аргентина.




Спонзорирани линкови

Маркетинг