(Видео) Кошаркарска ѕвезда за „трговецот на смртта“: Америка и Русија разменија затвореници на аеродром во Абу Даби

Макфакс

09/12/2022

14:17

2.388

Големина на фонт

а а а

Снимките од руските државни медиуми го покажуваат моментот на размена на американската кошаркарска ѕвезда Бритни Грајнер и озлогласениот трговец со оружје Виктор Бут во Обединетите Арапски Емирати.

Грaјнер (во црвено палто) и Бут се гледаат како одат по пистата на аеродромот во Абу Даби. Според извештаите, снимката доаѓа од руските безбедносни служби.

САД и Русија вчера ги разменија кошаркарката Грајнер, која беше во затвор во Русија, за рускиот трговец со оружје Бут, кој помина 12 години во американски затвор.

Руското Министерство за надворешни работи потврди дека Грајнер била разменета за Бут на аеродромот во Абу Даби, пренесоа руските агенции.

Американскиот претседател Џозеф Бајден напиша на Твитер дека Грајнер е „безбедна, во авион, на враќање дома“.

Претседателот на Меѓународниот комитет за човекови права во Русија, Иван Мелников изјави дека Виктор Бут моментално лета за Русија и наскоро ќе слета во својата татковина, пренесува ТАСС.

Грајнер, која освои два златни олимписки медала, беше уапсена на 17 февруари на московскиот аеродром бидејќи во багажот имала масло од канабис, кое е забрането во Русија. Таа на 4 август беше осудена на девет години затвор.

Бут беше осуден на 25 години затвор во САД во 2012 година под обвинение за заговор за убиство на Американци, снабдување и извоз на оружје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг