Рамбо Амадеус гостува во Еден на Еден

Точка

09/12/2022

13:55

3.478

Големина на фонт

а а а

Популарниот црногорски музичар Рамбо Амадеус, еден од најкреативните текстописци и музичари во некогашна Југославија, оваа недела гостува во емисијата Еден на Еден.

Како артист чии текстови уште долго се цитираат, Антоније Пушиќ е познат по сатирата со која се осврнува на општествените проблеми, но и по својот еко-активизам за кој дискутираа и во оваа емисија со водителот Жарко Димитриоски.

Светскиот мега цар, како што е познат меѓу публиката, во Еден на Еден зборуваше и за својот став за задолжителното гласање, како и за критериумите во изборот на жени, на духовит начин препознатлив за него.


Емисијата Еден на Еден и во својата 14-та сезона продолжува да произведува забавна содржина за гледачите пред малите екрани, трудејќи се секогаш да го задржи квалитетот на продукција благодарение на кој долги години опстојува во медиумскиот простор.

Не ја пропуштајте новата епизода Еден на Еден со Рамбо Амадеус, оваа недела во 18:30 часот на Канал 5.



Спонзорирани линкови

Маркетинг