8-годишно дете заглавено во бунар длабок 120 метри, го извлекуваат 16 часа: Хорор во Индија, во тек е трка на спасувачите со времето

Точка

07/12/2022

16:27

3.093

Големина на фонт

а а а

Во индиската држава Мадја Предеш спасувачите имаат полни раце работа и се тркаат со времето, во намера да спасат 8-годишно момче кое е заробено подолго од 16 часа во бунар, откако паднало во него.

Како што соопштиле властите, детето по име Тамнај Саху е заробено некаде на длабочина од 16 метри во бунарот, кој е длабок вкупно 120 метри.

Тамнај претходно си играл во полето кога во вторникот навечер паднал во дупката, пренесува „Daily Mail“.

Спасувачите му симнуваат кислород на детето, но постои опасност дека би можело да останато без свест бидејќи „не одговара на повиците“, вели Шјамендра Џајасвала од округот Бетул.

„Спасувачките операции траат откако добивме информација. Се вложуваат напори детето да се извади од бунарот“, рекол тој.

Тој истакнал дека спасувањето трае подолго од тоа што мислеле поради камењата.

„Во текот на ноќта повикавме машина за да ги крши камењата наоколу“, рекол тој.

Таткото на детето, Сунил Саху, за индиските медиуми рекол дека детето паднало во бунарот во околу 17 часот на 6-ти декември додека си играло.

Како што навел, детето си играло на фарма, а потоа се упатило на друго поле, каде се случил инцидентот.


„Мојата ќерка го видела и ми кажа дека паднал во бунар. Веднаш истрчавме таму, дишеше и ние го слушавме неговиот глас кој доаѓаше од бунарот. Операцијата за спасување почна во вторникот од 18 часот и сè уште трае“, рекол Саху.

На снимката која е објавена на социјалните мрежи се гледа маса на луѓе кои во текот на ноќта ја гледале акцијата за спасување.


Вообичаено е фармерите во Индија да поставуваат бушотини – длабоки бунари закопани во земја за наводнување – поради недостиг на вода.

Бунарите остануваат отворени откако ќе престанат да се користат, што значи дека претставуваат опасност по јавноста.


Бројни деца биле заробени во тесните бунари, а некои починале од задушување.

Во мај едно 6-годишно дете починало по 7-часовна акција за спасување, додека минатиот декември едно девојче било спасено од бунар во Мадја Прадеш.