(Видео) Снимка од полициска потера по тинејџер во Солун, го застрелале поради 20 евра

Точка

07/12/2022

13:08

10.895

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи се појавила снимка од полициска потера по 16-годишен Ром во Солун, при што момчето било застрелано.

На снимката од надзорните камери од продавницата се гледа како пикапот, во кој бил тинејџерот, скршнува од улицата додека го бркаат полицајци на два мотори, пренесува „Protothema“.

На околу 500 метри подалеку, неколку секунди подоцна, еден од полицајците го застрелал 16-годишното момче.

Во понеделникот била објавена уште една снимка, од бензинска станица во Солун, на која тинејџерот застанал за да стави гориво. На снимката се гледа како малолетникот заминува од станицата без да ја плати сметката.

Работниците од бензинската станица ја известиле полицијата дека момчето не платило сметка од 20 евра, по што започнала потера.

Полицаецот кој наводно го застрелал тинејџерот е суспендиран од работа, а тој и неговите колеги кои учествувале во потерата се повикани да сведочат.

Според првите информации, полицајците изјавиле дека тинејџерот во возилото се обидел да ги удри неговите мотори, кршел сообраќајни правила и изведувал опасни маневри, доведувајќи ги нивните животи во опасност.

Тие додале дека возачот ги игнорирал нивните предупредувања, по што полицаецот испукал два куршуми за да го сопре возилото. Возачот тогаш изгубил контрола и удрил во ѕид.

Малолетниот Ром, кој е татко на дете, и натаму е на интензивна нега во болница во тешка во состојба.

Тој во понеделникот имал операција на главата.