Кулеба: Украинските амбасади во Данска и Романија добија „крвави пакети“

Макфакс

06/12/2022

22:23

1.234

Големина на фонт

а а а

Украинските амбасади во Данска и Романија добија „крвави пакети“, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитри Кулеба, пренесе „Ројтерс“.

Кон крајот на минатата недела пакети со животински очи пристигнаа во украинските амбасади во неколку европски земји, вклучително и во Хрватска. Никој не презеде одговорност за испраќањето на пакетот, пишува медиумот.

Минатата недела до Амбасадата на Украина во Мадрид беше испратено писмо бомба.

Слични експлозивни писма беа испратени и до други институции во Шпанија, вклучително и Амбасадата на САД, Министерството за одбрана и во компанија за оружје што произведува ракетни фрлачи донирани за Украина, пренесува медиумот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг