Како изгледа внатрешноста на лаптоп со карбонски влакна?

Точка

06/12/2022

20:51

12.330

Големина на фонт

а а а

Зак од каналот "JerryRigEverything" со шрафцигер и други алатки во рацете одлучил да ни овозможи да ѕирнеме во внатрешноста на "Lenovo Yoga Slim 7i Carbon" лаптопот.

Зад да ги отстрани сомнежите на корисниците, произведувачот се пофалил со издржливоста на лаптопот кој во своето куќиште има комбинација од карбонски влакна и магнезиум.

Популарниот јутјубер Зак Нелсон, од каналот "JerryRigEverything", одлучил да го расклопи лаптопот и да ги потврди овие наводи на компанијата Леново.

Видеото служи како своевиден водич за сервисирање на лаптопи, а ја потврдува неговата модуларна батерија, матична плоча и мат црниот систем за управување со ладењето.

Лаптопот работи на "Intel Core i7 - 1260P" платформа, има 13,3-инчен 2.5K 90x3 дисплеј панел кој е отстранет без поголеми проблеми.

Конечно, материјалот од карбонски влакна е откриен зад дисплеј панелот и металната позадина. Комплетниот процес на расклопување и повторно склопување на лаптопот погледнете го приложеното видео.



Спонзорирани линкови

Маркетинг