Ако партнерот ја има оваа карактеристика, сигурно е добар во спалната соба – новото истражување потврдува!

Точка

06/12/2022

14:31

21.491

Големина на фонт

а а а

Научното списание „Socioaffective Neuroscience & Psychology“ претстави теза дека постои една доблест што укажува дека мажот може да биде добар во спалната соба.

Експертите кои го спровеле истражувањето со жени до 69 години кои не се во врска или во брак, дошле до заклучок така што го истражувале интимното минато на овие жени и се обиделе да утврдат со какви мажи имале најдобри односи.

Во тестот, кој траел седумдесет минути, жените одговарале на различни прашања за нивниот интимен живот, а врз основа на нивните одговори било утврдено дека најдобар однос имале со духовити мажи.

Чувството за хумор се покажало како најдобар показател за вештините, бидејќи укажува на тоа дека мажот е опуштен во различни ситуации, вклучително и во интимни, што е важно за добра комуникација меѓу партнерите, како и за добар однос.


Друга пожелна особина е креативноста, мажите кои се креативни во други области од животот полесно ја изразуваат својата креативност дури и во најинтимните моменти.

Интересно е и истражувањето кое го спровела една британска компанија „Лело“, која произведува интимни играчки и се покажало дека луѓето со одредена професија имаат најдобар интимен живот.

А интересното е што барем во Англија најактивни се земјоделците и фармерите.

Во анкетата оваа група на професии била на високото првото место, а 33 отсто од фармерите изјавиле дека имаат односи барем еднаш дневно.

На второ место се архитектите со 21 отсто, а на трето место со 17 отсто се фризерите. Четвртото место го заземале лицата кои се занимаваат со маркетинг, а на петтото се правниците и учителите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг