Ришарлисон го учеше „Феноменот“ Роналдо како да ја изведе неговата урнебесна прослава

Дерби

06/12/2022

12:24

1.928

Големина на фонт

а а а

Ришарлисон ја носи легендарната „9-ка“ на неповторливиот Роналдо и вчера го постигна третиот гол на Светското првенство во Катар, што се покажа како нова добра шанса да ја режира својата некарактеристична прослава.

За разлика од обично, „гулабовиот танц“ на Ришарлисон овојпат го изведоа и Тите и сите негови останати соиграчи од Бразил, па додека дел од европската јавност дели критики за таквото однесување, сите во Бразил на тоа гледаат како забава.

Танцувањето и играњето за време на натпреварите е дел од фудбалската култура на Бразилците, па во таа насока продолжи и легендарниот „Ил Феномено“.

Роналдо како претставник на ФИФА е задолжен да им прави интервјуа на бразилските фудбалери по натпреварите, а сега дојде редот на Ришарлисон.

На крајот од интервјуто, Роналдо побарал од Ришарлисон да му го покаже „гулабовиот танц“, а откако го подучи својот идол, фудбалерот на Тотенхем го ископира Родриго и проба да украде дел од магијата во нозете која ја има „Феноменот“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг