Совршен посен ручек: Рецепт за гравче на кое нема да му одолеете!

Точка

05/12/2022

17:15

13.634

Големина на фонт

а а а

Во зима, а особено за време на постот, сигурно гравчето неколкупати ќе се најде на вашата трпеза.

Вкусен е и едноставен за подготовка со вистинските мерки. На овој начин можете најлесно да го подготвите.


Состојки:

- 500 гр. крупен бел грав;
- 500 гр. кромид;
- 3-4 чешниња лук;
- сол, бибер;
- масло;
- црвен пипер;
- ловоров лист.


Подготовка:

Во тенџере истурете го гравот, прелијте го со вода и варете додека водата не зоврие. Потоа процедете го гравот, фрлете ја првата вода, па ставете нова вода и варете на средна температура додека не се свари гравот. Повторно процедете го, а другата вода во која сте го свариле гравот оставете ја на страна.

Исечкајте го кромидот, па пропржете го. Потоа додадете сецкан лук, промешајте, динстајте уште неколку минути и тргнете ја тавата од шпоретот. Додадете сол, пипер и бибер, па повторно измешајте сè.


Садот во кој ќе го пржите гравот намачкајте го со масло, ставете половина од гравот, врз него додадете го пржениот кромид, а потоа другата половина од гравот. Истурете чаша вода во која го варевте гравот, ставете ловоров лист и печете во рерна додека да испари водата.

На здравје!




Спонзорирани линкови

Маркетинг