„Forbes“ издвои 5 најпотценети балкански градови, на листата се најде и еден наш град

Точка

05/12/2022

10:09

25.230

Големина на фонт

а а а

Угледното списание „Forbes“ објави листа од 5 најпотценети балкански градови, а на истата се најде и еден наш град.

Еве за кои градови станува збор:

Добој

Иако досега на ваквите листи во главно сме навикнати на Сараево или Мостар, сега се најде друг град од Босна и Херцеговина, а станува збор за Добој.

„Историскиот град Добој е дом на една посебно фасцинантна повеќевековна атракција. Позната како Добојска тврдина, оваа огромна камена градба за првпат е изградена во 13-от век, за време на владеењето на Босанското кралство, иако конфликтите во текот на годините довеле до нејзино уништување и евентуална реконструкција речиси 20 пати“, се наведува во текстот.


„По денови поминати во истражување на тврдината и испробување на босанската кујна во Стариот град, Горанското езеро во близина е шармантна дестинација на отворено, а на посетителите им овозможува прилика за капење и потрага по автохтони балкански диви животни“.

Охрид

„Сместен во југозападниот дел на Северна Македонија, Охрид е една од ретките дестинации на светот која служи и како културно и како природно светско наследство на УНЕСКО, благодарение на старите цркви во византиски стил и пространото Охридско езеро со низа автохтони балкански риби и растенија кои се наоѓаат во неговите води.


Додека културното наследство на Охрид е секако фасцинантно, оние кои бараат мирно бегство во природа би требало да поминат време истражувајќи го Националниот парк Галичица, прекрасен резерват кој е полн со автохтони балкански птици“, порачуваат од „Forbes“.

Ниш

„Сместен во јужните краеви на Србија, Ниш е дом на голем број римски цареви, а легендарниот Константин Велики бил еден од многуте владетели кои потекнуваат од овој град.

Содржи богата низа историски градби и знаменитости кои треба да се откријат, од величествената Нишка тврдина од 18-от век и Череп кулата, морничава градба направена од черепите на српските бунтовници кои ги изгубиле животите во неуспешното востание против Отоманското царство.


Со богатството на историски атракции, Ниш е исто така дом на растечката гастрономска сцена, со мноштво врвни ресторани кои работат во центарот на градот“, пишува магазинот.

Варна

„Сместен на западниот раб на Црното море, овој историски град моментално служи како еден од најистакнатите бугарски крајбрежни одморалишта, нудејќи широка лепеза на отмени хотели.


Долгата градска плажа со бел песок е совршено место за капење и сончање, додека Археолошкиот музеј на Варна е дом на римски бањи, антички накит и еден од најстарите познати примероци на златно богатство во светот“.

Берат

Албанскиот град Берат, според „Forbes“, е исто така потценета дестинација на Балканот.


„Берат, живописен град сместен на брегот на реката Осум. Вековното владеење на широк спектар на различни култури го проткале Берат со разновидна збирка на архитектонски стилови. Иако џамиите и црквите се присутни низ градот, една од неговите главни атракции е дворецот Берат, масивна камена градба во која се наоѓаат повеќе згради од 13-от век“, стои во текстот.