Украдено возило на Итната помош во Кочани, полицијата го пронашла по пет часа

Макфакс

03/12/2022

13:32

2.881

Големина на фонт

а а а

Доцна синоќа околу 03.40 часот од Општа болница Кочани било украдено службено обележано специјално возило „тојота“, сопственост на Итната медицинска помош Кочани.

„По преземени мерки и активности од полициски службеници од ОВР Кочани, возилото било пронајдено во 08.30 часот на улицата Кирил и Методија во Кочани и било вратено на Итната медицинска помош. За настанот бил известен Јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

МВР го пронајде одземеното возило на Итната медицинска помош Кочани

На 03.12.2022 околу 03.40 часот во Полициската...

Posted by Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme on Saturday, December 3, 2022

Директорот на Општата болница Кочани, Александар Серафимов, како што објави МИА, информира дека се работи за постаро возило од марката „тојота“, што Итната медицинска помош го користи само повремено и за кратки релации во градот или до блиските населени места.

Според Серафимов, се работи за млади лица кои на овој начин сакале да се забавуваат, а полициската истрага треба да покаже како тие влегле и го стартувале возилото.



Спонзорирани линкови

Маркетинг