Координативното тело на приватните превозници донесе одлука на кој начин ќе го оддржи утрешниот протест. Со почеток во 6 часот ќе бидат блокирани Илинденска, од семафорите после Влада до МИ-ДА.
Блокирањето ќе биде само на десните ленти. Според најавите, доколку не се постигне договор до понеделник, приватните превозници ќе ги блокираат крстосниците кај „Мавровка“, „Црвен крст“ и „Илинденска“.
– Доколку не се седне да се преговара и не се изнајде соодветно решение донесена е одлука во понеделник, 200 автобуси целосно да ги блокираат крстосниците пред ТЦ „Мавровска“, кај Црвен крст и крстосницата на Илинденска. Блокадата ќе биде исто така од 6 часот рано наутро – дециден е Ленин Јовановски.
Се очекуваат 200 автобуси да бидат паркирани за време на протестот.