(Видео) Анџело и Клементина добија по 18 години затворска казна, а Андреј 16 за убиството на ракометарот Денис Тот

Точка

30/11/2022

11:40

8.884

Големина на фонт

а а а

Во Основниот Кривичен суд денеска беше објавена пресудата за случајот за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред ноќен клуб во градскиот парк во Скопје.

Обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски се прогласени за виновни за кривично дело „убиство со умисла“. Основниот кривичен суд вели дека Анџело и Клементина имале поголем придонес во извршување на кривичното дело, а Анџело и Андреј му помагале на оштетениот Тот по тепањето. Судот го осуди Анџело на казна затвор од 18 години, а иста казна беше досудена и за Левковска.

За Андреј судот донесе одлука да му изрече казна затвор од 16 години. 

Судијката кажа дека се ценети сите околности. Отежувачки околности се степенот на кривичната одговорност, лишувањето на животот… За Анџело и Клементина отежувачки околности се и тоа што повеќепати го удирале Тот.

„Не пријавиле дека ти ему задале удари на оштетениот, ниту го пријавиле настанот во полиција. Клементина не пружа помош вечерта, а Анџело избега. Олеснителни околности за Анџело се тоа што е млад, нежент, се обидел да помогне, не осудиван. За Клементина олеснително е тоа што не е мажена, мајка е, неосудувана е, невработена, како и изразеното жалење за настанот. Судот за Андреј имаше впредвид дека не е женет, вработен, не се води постапка против него, тој преземал дејствија да му помогне на оштетениот, судот го ценеше и тоа што искрено и видливо беше манифестирано каењето на сите рочишта“, додаде судијката.

„Најверодостоен доказ за судот се видео записите од камерите на ‘Привилиџ’ и од ‘Сејв сити’. Јасно се гледаат сите поединечни и заеднички дејствија на обвинетите. Неспорно е дека биле свесни за последицата која настанала. Падот на Денис Тот кој бил спортист и јак, јасно укажува на силината ударите од Анџело. Ударите продолжиле, Клементина била најупорна која иако била тргана, таа се враќала и го не било каде, туку удирала по главата.. Самото вртење на Тот по земјата, влечењето, од страна на Анџело и Андреј, не кажувањето на Брзата помош дека оштетениот бил удиран, упатува на заклучокот дека тие биле свесни за настанување на штетната последица и се согласиле можност за сторување на делото, односно делувале со евентуална умисла. Оштетениот не презел никакви дејствија кон нив, а тоа упатува дека тие биле свесни за последиците“, децидна е судијката Илиевска-Јосифовиќ.