Автомобилот на Апасиев изгребан пред Собрание

Точка

29/11/2022

07:56

3.124

Големина на фонт

а а а

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, објави дека некој му го оштетил автомобилот додека тој бил во Собранието.

„Ми ја изгребал Алфата на СОБРАНИСКИОТ ПАРКИНГ и си отишол!? Ете, така заврши еден прекрасен пратенички ден“, напиша претседателот на опозициската партија, при тоа објавувајќи фотографија на Фејсбук.

Апасиев како новоизбран пратеник пред две години рече дека автомобилот припаѓа на неговата сопруга, а таа тогаш објави дека актуелната вредност на возилото е 2.000 евра.

Posted by Димитар Апасиев on Monday, 28 November 2022



Спонзорирани линкови

Маркетинг