Феноменална комбинација на тиква и ореви: Рецепт за посна пита готова за 30 минути

Точка

28/11/2022

21:06

11.575

Големина на фонт

а а а

Доколку барате инспирација за посен десерт, на вистинско место сте.

Во продолжение ќе ви претставиме рецеп за вкусна пита од тиква и ореви која е идеална, освен за посната трпеза исто така и за гојазните луѓе, дијабетичарите, но и за лицата кои имаат проблем со болести на желудникот и тенкото црево.

Поради своите состојки, со консумирањето на оваа пита ќе го регулирате варењето на храната и дигестивниот тракт, а сè заради високото количество на целулоза и пектин.

Состојки:

- 500 грама готови кори;
- 500 грама изрендана тиква;
- 100 грама мелени ореви;
- 100 грама шеќер;
- 1 ванилин шеќер;
- Минерална вода;
- Масло за јадење;
- Цимет;
- Шеќер во прав.


Подготовка:

Првата кора испрскајте ја со минерална вода и додадете шеќер на неа.

Над неа ставете друга кора, па исто така посипете ја со шеќер, па со ореви. Третата кора испрскајте ја со вода, па со шеќер, па тиква, ванилин шеќер, ореви и цимет.

Потоа свиткајте ги корите во облик на ролат, па ставете ја питата да се пече во плех.

Истата постапка повторувајте ја додека не ги потрошите сите намирници.


Откако ќе ги потрошите намирниците, испрскајте ја питата со вода и масло за јадење, а потоа печете ја на загреана рерна на 200 степени Целзиусови околу половина час, додека не зарумени.

Откако ќе се испече, питата испрскајте со шеќер во прав и уживајте во вкусот.

Пријатно јадење!




Спонзорирани линкови

Маркетинг