(Видео) Арсовска до приватните превозници: На суд докажувајте дали ЈСП ви должи, ќе има јавен повик за нови превозници

Нетпрес

28/11/2022

17:01

2.720

Големина на фонт

а а а

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска иако како што рече го поддржува правото на протест, сепак според неа, со одлуката приватните автобуски превозници да блокираат улици, како што рече, штета најмногу трпат граѓаните.

Според неа, и во вакви околности кога приватните автобуски превозници одбиваат да возат, сепак ЈСП „Скопје“ како што рече се обидува да ги покрие сите линии.

- ЈСП „Скопје“ на почетокот на мандатот работеше со 140 исправни автобуси, во овие 12 месеци се ставија во функција дополнителен број на автобуси и сега има 270 автобуси кои се исправни. Доколку некој решил да го опструира јавниот интерес нека му служи на чест. Си има договорени обврски, а некој не ги почитува. Некој престана да вози во интерес на граѓаните и со тоа договорите се раскинати. Ќе си има нов јавен повик на кој сите оние кои ги исполнуваат критериумите ќе можат да се пријават и ќе можат да ја остваруваат својата дејност чесно – вели Арсовска.

Според неа ЈСП во моментов работи и се обидува да даде што е можно поквалитетна услуга.

- Си има суд и таму преку тужба ќе се докажува кој кому му должи. Ние немаме опомена од приватните превозници, ниту тужба и така може да се реализира договорно право. Го поддржувам правото на протест, но единствените кои губат се граѓаните – одговори Арсовска на советничко прашање потенцираше градоначалничката.