Руска закана на ТВ: Ќе ги обединиме нациите кои велат дека се независни, ќе положиме право на Балканот и Полска

Точка

28/11/2022

21:14

4.300

Големина на фонт

а а а

Тој рекол дека во Европа со 500 милиони жители, колектив од 200 милиони луѓе зборува руски.

На руска државна телевизија се расправало за планираната стратегија на Русија за наредната деценија. Нивните експерти, освен што изјавуваат дека украинскиот јазик не постои, предвиделе дека Русија ќе ги присоедини соседните земји во еден голем руски дом, со евентуално проширување на Балканот и Полска.

„Сега, од една страна, многумина имаат причина за очај, но ако ги погледнете работите од друга перспектива, Русија победнички се бори против од милијарда луѓе од Западот. Во текот на целата оваа година Западот не успеа да ја победи Русија. Просечен Русин ќе се согласи со мене – имаме топла вода, храна, работа, градскиот превоз функционира. Нашата економија се реконструира“, рекол филологот Николај Вавилов во емисија на каналот „Rusija 1“.

„Украинскиот јазик не постои“

„Всушност, тука станува збор за победа на Русија. За нас нема изолации, посебно сега кога ни се приклучи Кина. Ни се приклучија и Индија, југоисточна Азија, Африка и Латинска Америка. Нема изолација бидејќи ние сме победници во оваа масовна специјална операција“, рекол тој и додал:

Јас сум филолог. Украинскиот е дијалект на рускиот јазик. Украински јазик не постои. Постои само украински дијалект. Потребни ви се две недели да го проучите овој дијалект. Во суштина, зашто Западот толку се плаши од нас? Непријателот е пред Москва. За 10, 15 или 20 години ќе ја вратиме сета територија“, рекол Вавилов.

„Ќе ги обединиме сите тие нации кои тврдат дека се независни во еден голем руски дом. Што значи тоа. Во Европа со 500 милиони жители, ќе постои колектив од 200 милиони луѓе кои зборуваат руски и кои мирно ќе положат право на Балканот, Полска и така натаму“, рекол рускиот филолог.

„Има 80 милиони Германци, вклучувајќи Пакистанци, Турци и Арапи. Има 60 милиони Англичани, исто така вклучувајќи Пакистанци и други. Во источна Европа ќе се појави водечка нација. Западот нема да може да направи ништо“, додал тој, пренесува „Index“.

„За 10 до 15 години ќе се појави огромна заедница. Што значи тоа? Тоа значи дека од себе за 20 или 30 години ќе го соблечеме старото одело, износеното одело на глобализмот. Треба да го замениме за нова идеологија, нови социјални и политички структури“, заклучил Вавилов.



Спонзорирани линкови

Маркетинг